Иницијатива
Ние сме група на граѓани кои го сакаме најдоброто за Тетово и затоа сме здружени, принудени да се активираме како реакција на дегрдацијата на целокупната состојба во која се наоѓа нашата општина. Ние сме активисти на граѓанското општество, здружени заедно со професионалци од разни области и сме одлучиле нашето вонинституционално организирање и делување да ја дополниме со делување и во нив.
Општината е институција каде добива насока и значење развојот на нашиот град. Општинските институции имаат суштинско влијание во нашите животи бидејќи се токму тие кои ја определуваат и треба да ја гарантираат благосостојбата.
Иницијативата #ПодоброЗаТетово е називсна од политичките партии. Ние ќе настапиме во изборната трка за општинскиот совет со список на независни советници. На овој начин, заеднички ќе работиме на заштита на интересите на граѓаните, залагајќи се секојдневно за одговорност на избраните челници на општината преку нивна отчетност и транспарентност.
Иницијативата #Подобро за Тетово е нашата покана до сите граѓани за здружување за општо добро. Да се здружиме - за подобро Тетово.