Мерита Максути е архитект која магистрирала во САД во областа урбанистичко планирање. Нејзиното професионално искуство се протега на разни организации и компании, но секогаш вклучувајќи работи тесно поврзани со подобрување на условите за живеење при проектирањето, инфраструктурата и културното наследство, додека од друга страна и едукација на студенти од областа на урбанизмот и развојот. Таа е активист и активен член на општеството во областа на добротворството и животната средина.