Мерита Саити, со изразен успех ги заврши додипломските студии по политички науки и магистерските студии по дипломатија на Универзитетот во Југоисточна Европа. Истовремено следеше и студии на Филолошкиот факултет, насока Албански јазик и литература на Универзитетот во Тетово. Активно учествувала во многу невладини организации и моментално работи во МЖСПП како помлада соработничка во процесот на преговори на Република Северна Македонија за членство во ЕУ, Сектор за Европска Унија.