Влора Акики е координаторка на РСМ за мрежата Едукејшн УСА, финанциран од Стејт департментот на САД. Магистерските студии по јавна администрација и менаџмент ги има завршено во САД.
Таа е активистка со голем интерес насочен кон правата на жените, еколошките и социјалните прашања. Истовремено, таа е Извршна секретарка за РСМ на меѓународната невладина организација IWPG, како и академски советник во American Corner во Тетово.