Џавит Халими е специјалист за дигитален маркетинг и односи со јавноста, моментално работи во приватната болница One Hospital - Тетово каде раководи со маркетинг активностите на болницата. Во 2017 година ја основа рекламната агенција „Социама“ која се занимава со активности во областа на дигиталниот маркетинг, поточно во областа на управување со социјалните медиуми на различни бизниси. Додипломските студии во областа на комуникации, насока Односи со јавноста и реклами ги завршил на Универзитетот Анадолу,Турција. Тој истотака е основач и на музичката група „Трио Дарабука“ која е активна на разни настани и забави.
Причината за поддршка на иницијативата доаѓа од вербата дека градот Тетово заслужува и треба да го водат искрени и професионални луѓе кои ќе придонесат за економијата, културата и иднината на градот.